Press "Enter" to skip to content

Совети за спортисти: тениски лакт

Тендинитис и тендинози може да се препознаат со локален оток, црвенило и зголемена температура, можни се и болка и чувствителност на пределот при движење, утринска „вкочанетост“ на тетивата или болка во текот на ноќта после напорниот ден, крепитации (крцкање) во тетивата при движење. Затоа можеме да кажеме дека тенискиот лакт е вид на тендинитис и синдром на пренапрегање предизвикани од иритација на сврзното ткиво (тетива) на екстензорите или флексорните мускули на раката кои се прикачуваат на лактот.

Дијагностиката на тенискиот лакт се прави многу едноставно и може да се потврди со специфични тестови кои ја предизвикуваат болката што ја чувствувате во секојдневните активности. Еден од најчестите тестови кои ги користиме за болни лакти се т.н „тестови за сопирање“ кои најчесто предизвикуваат симптоми и болки во лактот. Исто така, можеме да почувствуваме напнатост над латералниот епикондил (ова се „грутки“ на хумерусната коска од надворешната страна на лактот, кои лесно се чувствуваат на допир и најчесто се болни кога е присутна повреда на тенискиот лакт).

Како дополнителна објективна дијагностичка метода може да се користи дијагностички ултразвук, кој најчесто се користи во тешки состојби или сомнителни калцификации.

Физиотерапијата е многу ефикасна во третманот на тениски лакт, а физиотерапевтот ќе направи соодветна дијагноза, по што ќе следи специфичен третман кој е прилагоден на самиот пациент и неговите цели, навики и други параметри со кои ќе креираме индивидуализиран план за терапија за секој пациент, но генерално можеме да кажеме дека комбинацијата од следните техники и методи се покажа како многу ефикасна.

Рачни техники (Kaltenborn, Maitland, Cyriax), Сува игла (dry needling), INDIBA Activ – радиофреквентна терапија, Терапија со ударни бранови, Ласер со висок интензитет – HILT ласер,Game Ready, Целни вежби, Кинезио ленти, Техники за работа на фасција и Примена на конвенционални физиотерапевтски процедури.