Press "Enter" to skip to content

Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)

Членовите на клубот “X-fit Bitola“ од Битола денес учесвтуваше на третата по ред трка со препреки “OCR – obstacle course race“ која се одржа во Леуново, Маврово, на која имаше пријавено 350 учесници од 13 екипи. Битолскиот тим “X-fit Bitola“ по тешка патека во Маврово го освои 5. место во силна конкуренција, а во тимот на тренерот Елисавета Димовска, која и самата беше натпреварувач беа Николче Пановски, Ратко Мирчевски, Дејан Лазаревски, Сања Переловска, Сашо Поповски, Валентин Митровски, Антонио Ивановски, Елена Митровиќ, Андреј Нашоку, Саша Грбиќ, Дарко Ристевски, Фросина Дупчинова, Стефан Најдовски, Зоран Пешевски, Мирче Јанев и Тони Наковски.Од “Xfit Bitola“ по завршувањето на трката ни рекоа:

-Тимот на “Xfit Bitola“ од Битола по трет пат учествува на трката и сме задоволни од пласманот. Од година во година се пријавуваме во се поголем број на натпреварувачи, а целта на сите натпреварувачи да “извадиме“ најдобар можен резултат за себе и за тимот.  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »