Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 83:92 (0:3)

Ништо ново во мак-баскетот, во Битола МЗТ Скопје го победи Пелисте за трета по ред победа во финалната серија и е старо-нов првак на Македобија, а во салата “Боро Чурлевски“ победи со 83:92, и така со максимални 3:0 го доби дуелот за титула.Со апсолутни 3:0 “металците“ од скопски Аеродром во одлична кошаркарска атмосфера во Битола, го победија Пелистер за јубилејна десетта титула, а за Пелистер пак, ова е второ загубено финале во низа, баш од истиот ривал.Пелистерци имаа контрола на играта едно полувреме, а МЗТ Скопје своето искуство додаден  и индивидуалниот квалитет на Војдан Стојановски. Аеродромци така дојдоа до десеттата титула.Во првиот четвртина битолчани преку Маслинко, Карутерс и Караџовски имаа изедначена битка за 22-15, а до полувремето беше 39:41. По паузата при резултат 44:45 и МЗТ замина на 44:50, а потоа и до првото двоцифрено водство на мечот 47:58.Во последните десет минути МЗТ влезе со позитива од единаесет поени 57:68. Во финишот Пелистер се закани затоа што дојде на 72:79 со поени на Хаџифејзовиќ, а потоа МЗТ врати и ја потврди победата за титула во Битола. На крај кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа со 83:92.Најкорисниот играч на финалната серија во плејофот – Војдан Стојановски, го заврши овој натпревар со неверојатни 33 поени и седум скока. Во тимот на Пелистер најефикасни Карутерс со 18 поени, Маслинко со 15 поени, Хаџифејзовиќ со 12 и Караџовски со 10 поени.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »