Press "Enter" to skip to content

Каспер Кисум останува во Битола, официјализира Еурофарм Пелистер

Данскиот интернационалец Каспер Кисум го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер од Битола за уште една сезона, што е јасен показател за задоволство и хармонија по само неколку месеци во Македонија. Ни причинува особено задоволство што уште еден член на шампионската генерација на РК Еурофарм Пелистер се одлучи за го продолжи своето спортско патување со нас, исракнуваат од битолскиот супер лигаш, и додаваат:

-Кисум треба да биде додадена вредност на нашиот пат во Лигата на шампионите. Со нетрпение го очекуваме на почетокот на подготовките на 19 јули. 

30-годишниот Кисум на почетокот од годината пристигна во Битола и даде голем придонес во пролетниот дел на сезоната, посебно во натпреварите од плеј-офот на Суперлигата. Поранешниот ракометар на Сондејиске мина низ многу етапи во кариерата, играше и за Хановер Фленсбург во Бундеслигата и Тулуз во француското првенство, а сега ќе продолжи да тресе мрежи во Македонија.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »