Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер од Битола не ги продолжи договорите со четири фудбалери

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола ја прекинува соработката со неколку играчи што беа во тимот во изминатата сезона. Пелистер не му ги продолжи договорите на Бурхан Мустафов, Христијан Драгарски, Томе Китановски и Љавдрим Фазлију.

Фудбалскиот клуб им се заблагодари за досегашното сработено во нашиот клуб и им посакува среќа во следниот предизвик од нивните кариери.

Исто така клубот ја известува јавноста дека неколку млади играчи што ланската сезона беа дел од првиот состав, ќе бидат пратени на отстапка во други клубови.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »