Во основното училиште “Св. Климент Охридски“ во Битола, денес се одржа завршната манифестација “Прогласување на најуспешните за Училишен спорт“ за учебната 2022/23 година. Во овие активности беа вклучени 3.200 ученици во 28 категории во 15 спортови.
За најуспешно основно училиште е прогласено ОУ “св. Климент Охридски“, а за најуспешно средно училиште СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
–Денес ја одржуваме завршната манифестација “Прогласување на најуспешни за Училишен спорт“ за учебна 2022/23 година за натпревари кои се одржаа во општините Битола, Новаци и Могила, во кои натпревари беа вклучени 3.200 основци и средношколци, кои се натореваруваа во 28 категории во 15 спортови. Сакам да изразам голема благодарност до покровителот на овие спортски училишни натпревари Општина Битола и сите професори кои несебично беа ангажирани во сите активности, рече Михајло Трампевски, претседател на Сојузот на училишен спорт на Битола.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на најуспешните им посака нови спортски резултати во следната учебна година и уште поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај младите.
Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски оваа година, преку програмата за спорт и млади, за училишниот спорт издвоија 700.000 денари.

Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и ОУ “Св. Климент Охридски“ најдобри во училишниот спорт во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола претежно облачно, температурата до 20 степени
- На прв ден Велигден, Воскресна Света Литургија и Причесна во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево и потопло, температурата до 20 степени
- Велигденско послание на Владиката Петар, Битола 2026 година
- “Христос Воскресна!“, Велигден во Битола, светлината на Воскресението во црквата “Св. Богородица“ (видео + фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер со убедлива победа во Битола над Маџари го почна плеј-офот за титулата (фотогалерија)
- Денес во Битола стартува кошаркарскиот плеј-оф: Почнува она вистинското, пет битки за титула
- Пелистер пред плејофот: „Таскфорс“ клучен фактор, отворени прашања за тековните и старите неразјаснети долгови
- Реми во Битола, вечното дерби Пелистер – Вардар без голови (фотогалерија)
- Во последната секунда гол за Охрид и пораз на Еурофарм Пелистер во Битола (фотогалерија)










