Press "Enter" to skip to content

Свечено отворено 5. издание на меѓународниот натпревар по пијано, пијано дуо и соло пеење “Пијанофест“ (фотогалерија)

-Овие денови во Битола ќе биде празник на музиката, а фестивалот на кој ќе настапат 120 учесници од 8 земји, во дисциплини, го отвори заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски. 

Со концертот во Офицерскиот дом на минатогодишниот лауреат на “Пијанофест 2022“, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц – сопран, исто така од Србија, свечено беше отворено 5-то издание на меѓународниот натпревар по пијано, пијано дуо и соло пеење “ПИЈАНОФЕСТ 2023“. Приказната започна во 2019 та година, со 80 учесници од повеќе земји, а оваа година таа бројка се искачи на 120 од 8 земји: Србија, Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија.  Натпреварот е во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози ПИЈАНО од Битола, чии основачи се професорките Марија Шамоска Буџаковски и Јана Четелева Белевска.-Минатата година бев лауреат на натпреварот и голема е честа што добив можност оваа и година да настапувам во оваа прекрасна сала.Натпреварот е одлично организиран и одлично се чувствувам, изјави Лара Арбајтер.Натпреварувачите на Пијанофест оваа година ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска – пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија).-Чест ми е што сум член на жири во категоријата за соло пеење, а како некој кој бил поранешен пијанист и професор по пијано и соло пеење, чест ми е што соработувам како концерт мајстор со една од моите студентки, но чест ми е и што го отварам фестивалот заедно со Маргарита Вујовиќ. Голем е предизвикот да се биде и член на жири, затоа што пред се тоа е една голема одговорна и тешка задача, но задоволство ми е што сум тука. Мислам дека овие натпревари се многу значајни за основно, средно и на факултет, затоа што на тој начин покрај солистичките настапи, децата го надградуваат своето знаење, а стекнуваат и самодоверба што во секој случај ќе влијае на нивната понатамошна кариера, изјави Анастасија Холц.Учесниците оваа година на 5-то издание на Пијано фест ќе се  натпреваруваат во дисциплините пијано соло и пијано дуо. Оваа година Пијанофест освен овие дисциплини е збогатен со уште една – соло пеење. Учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.Се реализира под покровителство на Министерството за култура на Македонија и општина Битола. Пијано фест се одржува во соработка со Културно Информативниот центар – Битола, а  поддржувач на натпреварот е и Државното музичко училиште од Битола.

Текст и фото: Неда Маретиќ

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »