Press "Enter" to skip to content

Познати изведувачите на “Ех, таа серенада“ во Битола, Сефко, Билјана, Ламбе, “Боеми“, Димитар…

Битола и се враќа на традицијата на серенадата на 24 август  2023 година, кога во Офицерски дом, на отворено, на платото, ќе се одржи  Фестивалот “Ех, таа серенада“.

Откако претходно организаторот  Културно информативниот центар од Битола ги објави резултатите од годинешниот конкурс за избор на композиции (музика и текст), деновиве ги обави и имињата на избедувачите кои ќе ги испеат 16-те одбрани серенади.

Серенади во Офицерски дом ќе пеат битолчаните Софија Кочовска, Раде Стаматов, Сефедин Бајрамов, трио “Џентлемен“, Билјана Дамјановска – Јанчевска, група “Боеми“, Димитар Андоновски, Никола Зацевски и Ирена Димовска, како и  Драган Мијалковски, Игор Илиевски, Перо Кристов, Мишко Крстевски, Катерина Таневска, Христијан Таневски, Елена Георгивска и Ламбе Алабаковски.

Претходно комисијата составена од седум членови, истакнати професионалци од областа на музиката и уметноста, селектираа 16 од пристигнатите 73 композиции,  на конкурсот се пријавиле еминентни автори и изведувачи што за комисијата претставуваше сериозен предизвик и одговорност.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »