Press "Enter" to skip to content

По притворот на комуналниот испектор, Општината Битола бара нулта толеранција за корупција и поддршка за институциите

После денешната информација дека Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО, ќе поднесе кривична пријава против вработен во Општина Битола, како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај, за примање на поткуп, Општина Битола, ги повикува и поддржува надлежните институции да преземат соодветни мерки и да постапат согласно важечките закони во Република Македонија.

Општина Битола активно се залага за јавност и транспарентност во работењето и нулта толеранција на корупција.

Должност на општинската администрација е да работи во интерес на граѓаните и ниту еден административен службеник не смее да работи спротивно на законите и Кодексот во кој се пропишани етичките стандарди и правилата за однесување на административните службеници во односите на работното место, но и во приватниот живот и јавноста.

More from ВестиMore posts in Вести »