Press "Enter" to skip to content

Лауреати на годинашниот “Пијано фест“ Јана Блажевска – соло пеење и Јурген Алиа – клавир

По три фестивалски денови во Офицерски дом во Битола, поминати во споделување на незаборавни музички моменти, дружење, насмевки и сеќавања кои остануваат засекогаш, заврши 5. по ред “Пијанофест“ во Битола.

Жири комисијата во дисциплината Пијано, во состав Катерина Кетковиќ – Цветковиќ од Македонија, Маргарита Вујовиќ од Србија, Мирела Туше Вонгли од Албанија, донесоа одлука Лауреат на “Пијанофест 2023“ да биде прогласен Јурген Алиа од Албанија, кој што добива финансиска награда и концерт на следниот Пијанофест 2024.

Комисијата за Соло пеење во состав Маја Митровска од  Македонија, Анастасија Холц од Србија и Александра Коцевска од Македонија одлучи наградата Лауреат во дисциплината соло пеење да биде доделена на Јана Блажевска која добива парична награда. Награда “The most perspective artist“ е беше доделена на Саманта Шпата, награда за најдобро изведено македонско дело доделена беше на Јана Блажеска (соло пеење) и 

Организатори  на Фестивалот беа Општина Битола, КИЦ – Офицерски Дом – Битола и Државно музичко училиште од Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »