Press "Enter" to skip to content

Клубско првенство и полагање за појаси во џудо клубот Пелистер (фото)

Деновиве, како и секоја година, традиционално во просториите на Будо центарот во Битола се одржа клубското првенство за помлади категории во организација на џудо клубот Пелистер од Битола.Тренерот на џудистите на Пелистер, Ѓуро Илиќ, за ова клубско првенство ни рече:

-Традиционално со завршувањето на школската година и ние ја завршување спортската сезона, што не значи дека вратите на клубот се затвораат, и по тој повод го одржуваме традиционалното клубско првенство во категориите помлади пионери, пионери и кадети. Оваа година учествуваа над 70 млади борци, а јас ќе кажам дека сум задоволен од тоа како помина натпреварувањето и квалитетот кој го покажаа. Доделивме медали на победниците, да им бидат мотив плус за понатамошната работа, а секако и за сеќавање за работењето во оваа сезона.Паралелено со првенството се одржа и полагање за повисоки појаси, а кандидатите кои ги добија новите појаси покажаа дека се одлично подготвени за својата возраст и дека со нив во изминатата натпеварувачка сезона квалитетно се работело.Џудо клубот, како и нагласи тренерот Ѓуро Илиќ, нема да мирува ова лето, а веќе се работи на подготовка на летниот семинар, кој се одржува на Пелистер на кој се очекува да има повеќе од сто џудисти, тренери и мајстори и нашата земја и странство.

More from ВестиMore posts in Вести »