Press "Enter" to skip to content

Пет награди на “Војдан Чернодрински” за “My name is Medeja“ на НТ Битола и награда за животно дело за Петар Мирчевски

Со особена радост Би сакале да ве известиме дека нашиот театар на овогодинешното 57.  издание на македонскиот фестивал “Војдан Чернодрински” – Прилеп, повторно се закити со едни од најзначајните награди за претставата “My name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват.

Тричлено жири во состав Јанко Љумовиќ – претседател, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радониќ одлучи да му додели награда за уметничко остварување на претставата “My name is Medeja“, награда за режија за Себастијан Хорват и награда за главна женска улога за Илина Чоревска.  Награди се доделени и за за музика за Драго Ивануша и за рекламен материјал за Сашо Илковски.

Македонскиот фестивал “Војдан Чернодрински” – ПрилепНаграда за животно дело е доделена на Петар Мирчевски,  а во образложението се вели:
 
-Она што е заедничко во изведбите на Мирчевски, без разлика дали се на штиците што живот значат или пред камера, е мајсторското „носење на туѓата кожа“ како своја. И жесток и кревок, Мирчевски е еден од ретките актери кој игра со секој атом од своето постоење и гради безвременски ролји кои ги паметат генерации љубители на театарот и филмот не само во Македонија туку и низ целиот регион. Неговата способност дури и во споредните улоги во кои игра на јазик кој не го зборува течно да ги „украде“ симпатиите на гледачите, како што е случајот во турската серија „Збогум Румелија“, е уште една потврда за неговиот вонсериски талент. 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »