Press "Enter" to skip to content

Европското патувачко кино под отворено небо во Битола на 22 и 23 јуни

Европското патувачко кино под отворено небо почна на 9 јуни и по трет пат годинава носи наградувани и возбудливи европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата.

Европското патувачко кино под отворено небо како загревање за Синедејс, секоја година патува во три различни градови ширум земјата и прикажува нови европски филмови, признаени од европската критика и сакани од европската публика. Годинава започна во Дебар, продолжи во Велес и завршува во Битола каде што се отвораат нови Europe Houses.

На 22 и 23 јуни, на платото кај Офицерски Дом, ќе има проекција на филмовите ФАБИЈАН: ОДИ ВО ПРОПАСТ (FABIAN: GOING TO THE DOGS) (Германија) во четврток и ЈАС СУМ ТВОЈОТ ЧОВЕК (I’M YOUR MAN) (Германија) во петок.

Проекциите започнуваат во 20.30, а по проекциите ќе следат разговори на Бојан Станиќ од Контракадар, кој со своите гости филмски познавачи, како и со публиката ќе разговараат за импресиите од филмовите. 

Влезот на филмските проекции е бесплатен. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »