Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: Приведен бегалец од затвор, осуден на 16 години затворска казна   

Криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со ПО Новаци по распишана централна потерница од слобода го лиши 60 годишникот од  село Маково, општина Новаци, кој бил баран поради бегство од КПУ Затвор Прилеп.

Приведеното лице  е осуден на 16 години и 4 месеци за кривично дело “убиство” по чл. 123 од КЗ, а за  доиздржување има 9 години и 7 месеци.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.

More from ВестиMore posts in Вести »