Press "Enter" to skip to content

Вечер со спектакулерниот настан “Вива Верди“ започнува “Битфест“

Битолско културно лето започнува, вечер, на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан наречен “Вива Верди“, каде ќе се изведуваат дел од најпопуларните опери на Џузепе Верди како Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др.

Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран – Зана Абази Рамадани во придружба на Камерниот оркестар на Битола, хор и оперски солисти предводени од диригентот Владимир Димовски.

Покрај музика за душа, посетителите на концертот може да очекуваат и дополнителни изненадувања кои ќе го означат почетокот на овогодинешното културно лето во Битола.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба на билетарницата на Центар за култура – Битола, по цена од 300 денари.