Фудбалерите на Пелистер во Битола попладнево ја отворија новата фудбалска сезона, со прозивка која ја имаше новиот тренер Влатко Костов и неговиот помошник Вангел Алтупармаков, а потоа го имаа и првиот тренинг. Сашо Петровски ќе биде тренер на голмани и Саше Велјановски како кондиционен тренер. До сега Пелистер има три нови имиња и две приклучувања од младинскиот погон, напаѓачот Симеон Христов, како и Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески од Караорман, а од младинскиот тим се приклучени Андреј Силјановски, Габриел Крстевски и Натаниел Димовски.
На првиот состанок директорот на Пелистер Ванчо Мицевски го претстави новиот шеф на стручниот штаб, засилувањата, како и планот за подготовки.
-Денес започнуваме со подготовките за новата сезона, а влегуваме со една цел, пласман во Првата фудбалска лига на Македонија. Имаме три нови имиња, а за нас преодниот рок ќе биде допрва, а ќе ангажираме првологашки фудбалери, а дел од овој играчки кадар ќе биде остстапен на Новаци. Во договор со тренерот подготовките ќе бидат во Битола, а ќе се одиграат и пријателски натпревари во Битола и Охрид.
Влатко Костов, 57-годишниот тренер и неговото искуство биде носител на пректот пласман на едно од првите две места и враќање Прва лига, а на неговиот прв работен ден во Битола рече:
-Прво, би сакал да се заблагодарам на луѓето кои одбраа јас да го водам Пелистер и да се бориме за она кое не успеавме минатата сезона. Во Битола минав еден од најубавите периоди во мојот живот, градот го паметам убаво и уште еднаш ќе кажам чест ми е што сум овде. Уште по моето назначување кажав дека уште од првиот ден ќе мислиме како да се вратиме во Првата лига, затоа што се останато е излишно да се зборува. Не треба да се занимаваме со историјата, туку да ја гледаме иднината и самите да си ја зацртаме. Спортска Битола, навивачите, јавноста го очекува тоа, мораме и ние исто да размислуваме, а за тимот кој ќе “брка“ Прва лига додаде:
-Тимот не се промени многу, по моето назначување беа ослободени некои играчи од тука. Имаме и две млади пополнувања, пред да дојдам. Откако дојдов јас направивме да дојде Симеон Христов. Им кажав и на играчите, нема да сум човек кој ќе брза и да прави бројка на играчи, туку барам играчи кои ќе бидат носители на играта и ќе донесат квалитет и разлика. Битола има млади квалитетни играчи, а ние ќе донесеме имиња за кои сметаме дека ќе бидат засилувања и ќе има здрава конкуренција. Во сите линии на тимот ние ќе бараме уште најмалку по еден играч.
[ngg src=”galleries” ids=”1561″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”1″ order_by=”filename”]











