Повеќе од стотина бајкери од Битола денес го имаа првото возење на патеките на “Бајк парк Смолево“ над Битола, во месноста Смолево, кој беше отворен пред тоа со симболично сечење на бајкерска лента.
За овој “Бајк парк Смолево“ претседателот на “Extreme Bike Team“ – Тони Котевски рече:
-Денес официјално и свечено ги отвораме патеките на “Бајк парк Смолево“ кои можам да кажам дека и со околу 60 проценти се завршени супер изгледаа и се подготвени одлично. Патеките се за рекреативци, не се за професионални, па според тоа намената е за секој да можи да вози, почнувајќи од деца од 5 години па се до 60 и повеќе, ако некој има сила и желба. “Бајк парк Смолево“ е направен според тендер на кои ние како клуб бевме носители, ние ја изградивме патеката, а денес му ја предаваме на Општина Битола во нивна надлежност и во нивно владение. Што се однесува пак до одржувањето ќе треба патеките да се оджуваат два пати во годината, но се надевам дека нема да биде проблем тоа. Сега моментално има четири патеки кои треба во иднина да се доизградат, секак0 ако се обезбедат пари за таа намена.
“Бајк парк Смолево“ има четири патеки за возење, за искачување која е лесна и има 5 проценти нагорнина, патека за слегување со велосипед, пешачка патека и патека со која ако некој не успее да се искачи да дојде брзо до слегувачката патека некаде на средина. Стартот и целта е кај манастирот “Св. Атанасиј“ кај Смолево, а се протегаат се до каналот.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на “Бајк парк Смолево“ при што рече:
-Сакам да изразам благодарност до клубот “Extreme Bike Team“ кој го изгради “Бајк парк Смолево“ кој според она што го кажуваат е еден од најдобрите во регионот, а тоа го потврдија и инженери од Словенија кои работеа на него. “Бајк парк Смолево“ е голема работа која ние како Општина Битола ќе го одржуваме редовно. Ова се прави со голема љубов, со голем ентузијазам за што пак ќе повторам им се заблагодарувам на сите кои беа вклучени во изградбата, на членовите на клубот, нивните пријатели и волонтерите кои помагаа. Се надевам дека сите битолчани, вклучувајќи ме и мене ќе бидеме тука да рекреираме.
Јовче Даскаловски член на “Extreme Bike Team“ ги поздрави присутните во име на Горан Милевски, поранешен министер за локална самоуправа, сега амбасадор во Словенија, во чии мандат се изгради “Бајк парк Смолево“, кој даде поддршка од самиот момент кога му беше соопштена идејата. Во вчерашниот разговор со него, рече Даскаловски, тој рекол дека работи на тоа да се продолжи со втората фаза.
-Патеките се лесни, но сепак мора да се внимава кога се поминуваат бидејќи има тешки делови за кои треба неколку пати да се поминат за да извозат безбедно, а посебно на последниот скок, им порачаа членовите на “Extreme Bike Team“ на рекреативците.
Текст и фото: Сашо Ристевски
[ngg src=”galleries” ids=”1566″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”23″ order_by=”filename”]











