Битолчанката, Ивана Белокозовска од одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола, деновиве е дел од македонската одбојкарска експедиција, поточно една од дванаесет одбојкарски тренери кои се на обука од Македонија во САД, Сан Антонио, Тексас.
Ивана Белокозовска оваа сезона настапуваше за одбојкарскиот клуб Пелистер, а сега работи како тренер за млади категории во клубот, а оваа обука во САД за неа ќе биде само мотив плус во доусовршувањето на тренерската работа.
Од Пелистер Волеј веат дека веруваат во неа и нејзината тренерска работа, и очекуваат во работата со младите категории да ги пренеси своите искуства од САД и новитети во својот матичен клуб.
На есен планирана е и возвратна посета на тренери од САД во Македонија, а во агендата предвидена е посета и на Битола.

Ивана Белокозовска од ОК Пелистер Волеј од Битола на обука за тренери во САД
More from ВестиMore posts in Вести »
- Украинско – македонска изложба на слики во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола
- СВР Битола: приведување за попречување на полицијата во извршување службени дејствија
- Хорската музика на КУД “Стив Наумов“ Битола го исполни македонскиот клуб во Софија
- Во Битола врнежливо и постудено, температурата до 15 степени
- Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола










