Синоќа во Битола, се одржа 4. по ред ретро журка, со мото “Овде нема стари и млади, наши и ваши, журка е… се игра и дружење се слави!“ која помина со добра музика и одлична атмосфера ги спои сите. А, синоќа во ноќниот клуб “Расчекор“ дојдоа вљубеници на музиката од 70, 80, 90 години на ретро забава која започнаа да ја организираат група вљубеници во диското “Орфеј“ во 2019 година. Денес може да се каже дека прерасна во бренд на град Битола.Марио Трифуновски еден од сопстевниците на ноќниот клуб “Расчекор“, кој е и организатор изјави:-Мило ми е што на оваа 4 по ред журка има различни генерации, и оние кои излегувале од самите почетоците на диското “Орфеј“, но има и оние кои можеби и не го “фатија“ ова диско. Но, вечерва може да се каже дека е вечер на сите вљибеници на добра музика и играње во диско стил. Се надеваме дека така ќе биде и во иднина. Да не се мисли дека на овие журки доаѓаат само оние кои беа почитувачи на култното дсико “Орфеј“ или да кажеме повозрасна популација. Ние од ноќен клуб “Расчекор“ сакаме да се продолжи традицијата на добра тематска забава во диско стил. Тука се разбира се ди-џеите со музиката од 70, 80, 90 години која ќе остане култна музика и да се слуша нема возрасна граница. Затоа и мотото на оваа журка.Се играше на добрите стари хитови…, а нај интересн момент беше кога на подиумот можеа да се видат чекорите од диско танцот на Џон Траволта со партнерката во филмот “Saturday night fever“. Интересно е што на журката имаше и голем дел од битолчани кои живеат во други држави, а кои дојдоа да на оваа забава, за која слушаа од впечатоците на оние кои беа на претходните, а и читаа на нашиот портал.Драги и Јованка Смилевски живеат во Мелбурн Австралија. Јованка Смилевска која за прв пат е на журката “Орфеј…“ ни кажа:-Оваа е моја музика и вистински се забавувам вечерва. Постојано одиме на забави, но оваа е навистина поинаква со музика која ја сакам, таа е култна. Се вративме со сопругот Драги во времето кога се вљубивме, забавуваме… Но, ние се уште во душата сме оние истите од младоста. Душата е најважна.Драги Смилевски беше сопственик на еден од првите кафулиња во Битола “Холивуд“, кој се отвори во 80-тите години и работеше и во 90-тите години.-Таму излегуваа, се забавуваа сите битолчани, тоа беше почетоците на излегување во кафулиња, дотогаш се излегуваше по кафани и ресторани… ни рече Драги за да продолжи, посебна вечер. Убаво е да се вратиш во младоста, во време кога со мојата сопруга се забавуваме. Ние и понатаму сме вљубени… Возбуден сум што се видов со многу пријатели вечерва тука. Иако не сум од оние кои беа првите и од самите од почетоците на диското „Орфеј“. За кој период сите кажуваат многу интересни работи, „Влез саде парови и.т.н. битолски мајтапи, за личности кои биле „главни фраери тука“ како Брус Ли кој сега е еден од организаторите на овие ретро журки. Јас излегував таму малку подоцна, но се сеќавам дека диско “Орфеј“имаше некаков посебен шмек, атмосфера. Колку е значајно што му се оддава сеќавање на овој начин.Драги Лажиовски – Брус Ли еден од организаторите кој со ентузијазам ја започна оваа ретро журка која продолжува понатаму:-Ја започнавме со идеја низ битолски мајтап, но еве 4. по ред и дојдовме до нешто посериозно. Мило ми е што доаѓаат и помлади. Како што кажува и мотото на оваа 4. по ред “Нема стари и млади… кога се работи за музика. Како што сите играме на нашите традиционални ора, така може и да играме на оваа музика.Битолчани кои беа на ретро журката ги забавауваа ди-џеите Илија Талев – Иле Коса, Николче Терзиевски и Златко Самарџиев – Кекел секој со своја листа хитови ја направија атмосферата незаборавна, а ги кажаа и заедничките импресии, кои не ги криеја. Тројцата, по претходен договор се потрудија и успеаја неколку часа сите да уживаат во многуте хитови од тоа време, а како некој ги пофалија, пуштија стотина песна, секој во свој стил, и не се повторија во ниту една песна. -За атмосферата можат да зборуваат само оние кои беа присутни, секако и фотографиите, на кои може да се види се. Сите играа цела вечер или ноќ. Се започна во 21:30 часот, за да заврши во 3,30 часот во утринските часови. За атмосферата бевме задолжени ние ди-џеите, но и “публиката“ со нивната реакција, играње, пеење… ни даваше поттик како ние понатаму и која музика да ја пуштаме. Се заиграа и чекори во оригиналне диско ритам на подиум. Така се направи еден спој кој доринесе за целата атмосфера синоќа на журката, ни рече Златко Самарџиев – Кекел. Предрасудите повторно се срушени, музиката не познава и нема граници… Тој што е во душата рокер ќе остани рокер и до 100 години, тука нема млад или стар… Душата млада и иста, емоциите автентични, темпераментот се смирува, резултат на зрелост, но карактерот секогаш останува ист… Можеби некоја брчка повеќе, или килограм плус, побелена коса…но тоа се “лузните“ кои животот ги остава врз секој човек.Оние кои присуствуваа и се забавува аа синоќа во ноќен клуб „Расчекор“ на 4. ретро журка “Орфеј“ во чест на овој диско клуб, веќе ги направија и резерваците за 5. по ред ретро журка, зимската, некаде пред Нова година, за што организаторите ги започнаа подготовките, а ги прифатија сугестиите од гостите.
Жанета Ристевска