НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на Републичкиот фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ додели специјално признание на КУД “Илинден“-Битола за фестивалска изведба на музичко-сценскиот перформанс „120 години Илинденско востание“.Синоќа во Битола, на платото пред Офицерски дом во Битола заврши 53.издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови” со прогласувањето на најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва и ансамбли и со доделување на специјални награди.
Жири комисијата во состав: д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Кристијан Николовски го додели наградите најуспешните. За најуспешна група што презентираше традиционална музика и игра беше прогласена КУД “Весели пензионери” од Пробиштип. За најуспешна група што презентираше староградска музика и игра беше прогласена вокално инструменталниот ансамбл “Распеани струмичани” од Струмица. Во соло инструментална изведба за најуспешен беше прогласен Теодор Грујовски, инструменталист на гајда на ансамблот “Гоце Делчев” од Битола. За најуспешен инструментален состав жири комисијата го прогласи оркестарот на КУД “Осми октомври” од Крива Паланка, а за ансамбл со најкомплетна изворна носија беше прогласена КУД “Русалии” од Секирник.
Како и на отворањето, така и на затворањето како домаќин на гостите се обрати и градоначалникот Тони Коњановски рече:
-Низ моќта на уметноста и танцот во изминатите 13 дена Битола беше домаќин на голем брј на гости од светот кој заедно со домашните изведувачи и публика создадоа прекрасна атмосфера низ градот. Вечерва со најубави зборови можа, да го опишам успехот на 53. фестивал “Илинденски денови“ како дел од “Бит фест“. “Илинденски денови” е една фолклорна прошетка низ светот, учење едни за други, размена на искуства, вреднување на вистинските културни вредности и традиции. Негувајќи го традиционалното, Битола направи прекрасен спој со современото, а за тоа сакам да им се заблагодарам на организаторите Центарот за култура и сите соработници кои го раздвижија градот.Тоа потврддува дека со гордост како битолчани и Македонци ги продолжуваме традициите на нашите претци, пренесувајќи им порака на младите генерации за нивната обврска да продолжат да го почитуваат делото на носителите на двата Илиндени и сите оние кои ги дадоа своите животи за денешната слобода. Само со културно издигнување можеме да го трасираме патот на напредокот.
Директорката на Центарот за култура Битола, Маја Андоновска Илијевски рече:
-Една недела подоцна седам пред вас но имам чувство дека помина за миг, а посакував да не заврши. Фестивалот “Илинденски денови” градот го обоивме во боите на Македонија, Италија, Ирска, Мексико, Грузија, Чиле, Хрватска, Србија, Бугарија. Запеавме и игравме низ чикмаците на чаршијата, на “Магнолија“, по Широк Сокак и кај Офицерски дом, пред публиката која со аплауз ги наградуваше учесниците. Поминавме 13 фестивалски денови имавме над 60 настани, но зад овој фестивал стои една машинерија од луѓе кои деноноќно работеа се да мине без ниту една грешка. Сите заедно испишуваме убава историја за Битола. Ништо не почнало и не завршило со нас. Затоа оставеме амамен за идните генерации кои оставаат свој белег на фестивалот и ќе го надградуваат. Илинденски денови и гордост битолска.
По прогласувањето на најдобрите на концерт настапија фолклорните групи од Србија, Хрватска, Мексико, Грузија, Ирска, Италија и секако добитникот на специјалната награда КУД “Илинден“.
Текст и фото: С. Ристевски