Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер денес стартува на ТВ турнирот на шампионите во Добој

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, која е македонскиот шампион денес го започнва своето учество на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Избраниците на Александар Јовиќ и Ѕвонко Шундовски за прв ривал на силниот турнир го имаат актуелниот бранител на титулата, египетскиот Ал Ахли. Во пресрет на тој натпревар, своите очекувања ги изнесе крилниот ракометар и еден од капитените на тимот, Ненад Костески, кој изјави:

-Овој турнир е екстра-квалитетно натпреварување, има голема традиција, се работи за најстариот турнир на Балканот. Овие натпревари во Добој ќе бидат добар тест за сите нас пред почетокот на сезоната. Се подготвуваме за Ал-Ахли, нè чека многу квалитетен ривал. Ќе одиграме максимално, ќе дадеме сè од себе да ги почнеме овие подготовки со позитивни резултати“, изјави Костески.

На 16 август битолчани ќе играат со Слога Добој, на 17 август против Монпелје, а на 18 август ќе биде дуелот за пласман.

Вчера беше свеченото отворање на традиционалниот турнир и беше одигран дуелот меѓу домашната Слога Добој и францускиот Монпелје. Учесници на 54. издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој се и екипите на Загреб, Војводина, Барселона и Целје.

More from ВестиMore posts in Вести »