Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Aoртна стеноза

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за аoртна стеноза, за што вели:

-Aoртна стеноза е вродено или стекнато заболување на аортната валвула кај кое има нејзино  стеснување при што  крвта по тешко поминува за време на систола  на левата комора кон аортата.Етиолошки е предизвикано од вродена уникуспидна или бикуспидна аортна валвула често асоцирани со синдром на Downs Heydes, хипоплазија на аорта, додека кај лица над 50 годишна возраст најчесто е последица на атеросклеротични дегенеративни промени, постинфламаторно често при засегање и на митралната валвули комбинирана со аортна регургитација како последица на реуматска треска итн.Патофизиолошки при аортна стеноза има зголемен аfterload-постоптоварување на лева комора со притисочно оптоварување и компензаторна хипертрофија на ѕид со последователно нарушување на левовентрикуларна функција и развивање на хронична срцева слабост. Аортната стеноза е и една од основните срцеви причини за зголемен крвен притисок.

Ехокардиографски се следи валвуларна морфологија, отварање затварање во PSAW со цел детекција на бикуспидна аортна  валвула, присуство на калцификати, процена на левовентрикуларна функција или хипертрофија, левоатријална дилатација, мерење на аортен корен и присуство на дилатација, градиенти и jet velocity max со C.W Doppler во AFChW.

Постојат и суправалвуларна и субвалвуларна аортна стеноза со мембрански промени на ниво на LVOT оштетување на аортната валвула појава и на регургитација, color flow aliasing дистално од А.В на ниво на обструкцијата, зголемени jet flow брзини во отсуство на морфолошки промени на самите залистоци итн.

Индикации за аортен валвулсрен хируршки репласман се симптоматска (гушење, ангина, синкопа) тешка аортна стеноза, асимптоматска аортна стеноза и позитивен КСТ-коронарен стрес тест, асимптоматска аортна стеноза со редукција на левовентрикуларна функција Е.F под 50%, кога би се правел CABG или операција за анеуризма на аорта.

More from СоветиMore posts in Совети »