Press "Enter" to skip to content

Одличен концерт на мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“ (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, во рамките на “Бит фест“ се одржа концерт на мешаниот хор на КУД “Стив Наумов“ од Битола, а публиката која ја исполни салата уживаше во прекрасните интерпретации на песните карактеристични за хорското пеење.Со мешаниот хор, кој исполни десетина убави хорски изведби диригираше професорката Лилјана Трајковска – Димовски.Мешаниот хор ги исполни композициите: “Достојно ест“ од Бадев, “Тебе појем“ од Мокрањац, “Гласом мојим ко Господу возвах“ од Архангелски, “Химна на Свети Климент“ од Кирил Македонски, “Тебе поем“ од Христов, “Богородице прилежно“ од  од Архангелски.Во вториот дел од концертот беа изведени и песните: “West svjat“ од Мокрањац, “Богородице дево, радујсја“ од Рахмањинов, “Калеш Анѓо, момиче мало ѓаволо“ од Гајдов, “Рум дум дум“ од Шуплески и “Голема чечкалица“ од Величковиќ.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »