Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер на “Турнирот на пријателството“ во Турција

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер од Битола од вчера се наоѓа во Сакарија, Турција, каде ќе учествуваат на “Турнирот на пријателството“ заедно со екипите на Веспрем – Унгарија, Војводина – Србија и Мешков Брест – Белорусија.

Во тимот на Еурофарм Пелистер ќе ги нема Кисум и Суси кои во Битола, а заедно со тимот ќе биде и Богдан Радивојевиќ кој во вторникот им се приклучи на тимот.

Турнирот ќе се игра на први и втори септември, по принципот полуфинале и финале.

Денес, со почеток во 19 часот, во полуфиналето, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со силниот Веспрем, додека Војводина ќе ги одмери силите со белорускиот претставник, Мешков Брест, а за утре се планирани натпреварите за пласман.

Еурофарм Пелистер со учеството на овој турнир ќе ја заврши финалната фаза од подготовките за новата сезона, за успешен настап на домашниот шампионат, Купот и Суперкупот, во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите на ЕХФ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »