Press "Enter" to skip to content

Нападот на Пелистер Таскфорс ќе го води плејмејкер од САД, дебитант со одлични бројки во НЦАА

Ламар Норман јуниор, на возраст од 23 години, висо 185 см во Битола оваа кошарларска сезона ќе го има првото  европско искуство, а со неговото потпишување акипата на Пелистер Таскфорс полека го комплетира тимот за новата сезона.

Ова денес и официјално го потврдија од битолскиот клуб, откако со договорот со американскиот плејмејкер ги договорија сите поединости.

Ламар Норман јуниор зад себе, иако млад, има одлични бројки зад себе во двете последни сезони од настапот за Вестерн Мичиген во престижната НЦАА-лига, со реализација 17,3 поени со 2,8 скока и 3,2 асистенции, додека една година претходно имал уште подобар просек со 19,8 поени, 3,2 скока и две асистенции по натпревар.

Од ланскиот тим остана во Битола Андреј Маслинко, а се засилија со Александар Костоски, Амар Хот, Лука Стојановски како и со Американците Бернард и Банди. 

More from ВестиMore posts in Вести »