Press "Enter" to skip to content

Кугларките и кугларите заедно со “Europe House Bitola“ и Општина Битола ја одбележаа европската недела на спорто

Битолските кугларски клубови Пелистер Пин и Пелистер 1982 во соработка со Europe House Bitola и Општина Битола ја одбележаа европската недела на спортот со тоа што им беше овозможено на 30-тина млади луѓе од Битола да се запознаат со куглањето како спорт.

Пред присутните имаше воведен говор Игор Михајловски во својство на претседател на Македонската кугларска федерација и претседател на женскиот клуб Пелистер Пин и Влатко Трајчевски во својство на претседател на машкиот кугларски клуб Пелистер 1982.

Инструктори на настанот беа младата генерација на куглари од двата клубови. И како што е вообичаено, се научија првите кугларски чекори, забавата беше на високо ниво.

На крајот имаше и натпревар помеѓу случајно одбраните екипи составени од 4 куглари (2 машки и 2 женски), а победник беше групата на Стефанија Алексовска, кугларката која веќе 2 години е на врвот на женското куглање и ја носи титулата најдобра кугларка за 2022 година.

More from ВестиMore posts in Вести »