-Тема која е актуелна денес и може да се сретне со сите медиуми и по социјалните мрежи е врсничкото насилстви, а таа тема била актуелна и пред 10 години, во 2013 година, кога во Битола биле можеби и првите обиди таа да се превентира, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во почетокот на октомври во 2013 година се одржа настан на плоштадот “Магнолија“ на кој се посочи ова девијантно однесување пред се на основците и средношколците во Битола, а по тој повод беше организиран настан – хепенинг, а потоа и марш по Широк Сокак.
На бината на “Магнолија“ во име на Општина Битола, зборуваше Снежана Петровска, тогаш одговорна за образованието во градот, каде ингеренции има Општината.
На овој настан зборуваа и претставници на МВР од Секторот за внатрешни работи од Битола и претставници на Министерството за образование.
-И денес, како и пред 10 години, се организираат разни трибини, советувања, семинари за намалување и искоренување на врсничкото насилство по школите, но бележиме и денес случаи кога сме сведоци на такво однесување, за кое посакуваме сите да го има што помалку во билтените на полицијата и на училиштата, вели Миновски.

Деновиве пред 10 години: настан и марш против врсничкото насилство на “Магнолија“ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола се одржа Економски форум посветен на развојот на извозот (фотогалерија)
- Прес-конференција на градоначалникот Коњановски: од транформаторот до булеварскиот влез
- Отворена изложба на вредната уметничка колекција во Ректоратот на УКЛО Битола (фотогалерија)
- Полскиот амбасадор во прва официјална посета на Битола
- АК Олимп Битола со нови победи и подиуми во Скопје и Штип










