Press "Enter" to skip to content

Доручек на розовата панделка – PINK RIBON BREAKFAST во црковна општина “Св. Петка“ во Рокдајл, Австралија (фотогалерија)

Октомври е месец посветен за подигање на свеста за рак на дојката. Во многу земји во светот во текот на овој месец се организираат бројни активности со цел да се подигне јавната свест за важноста на превентивните прегледи и раното откривање на ракот на дојката, што е од клучно значање за борбата против болеста. Раното детектирање и третманот можат да спречат предвремени смртни случаи од рак на дојка.Женската секција при Македонската православна црковна општина “Св. Петка“ од сиднејското предградие Рокдејл сакајќи да го означат почетокот на светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка уште во 2008-та година започнаа со организирање на оваа хуманитарна акција (доручек на розевата панделка). Овој е тринаесети пат како се организира оваа манифестација (не е организирана само во времето на ковид 19).Специјален гостин од македонско потекло беше хирург за пациенти кои боледуваат од рак и која работи во “Лизмо болницата“ д-р Су Веловски, која имаше поопширно обраќање за заболувањето од рак како и некои искуства во нејзината пракса со пациенти кои ја имаат оваа опака болест. Д-р Су покани тројца доктори од болниците “Весмит“, “Принц оф Велс“ и “Саинт Георги“ од Когра, кои исто така говореа околу болеста и начинот на справување.Зголемен е бројот на превентивните прегледи, интерест за едукација со цел потсетување на жените за грижата на сопственото здравје, запознавање со симптомите, начините на лекување, терапиите, третманот во однос на ракот на дојката. Околу 13.500 жени годишно умираат од овој вид на рак, а снимањето е првиот чекор да се спаси нивниот живот. Женската секција при Македонската Православна Црква “Св. Петка” од Рогдејл неуморно работи за организирање на овој настан.Салата како и секогаш беше прекрасно уредена во розови бои. Одзивот беше голем. Многу од жените помогнаа во организирањето на оваа традиционална манифестација.Салата беше преполна а програмата ја отвори секретарот на управниот одбор на црквата Св. Петка г-дин Петар Котевиќ.Прохискиот свештеник г-дин Владо Недески со многу одбрани и убави зборови се обрати кон присутните говорејќи за значението и важноста на оваа манифестација за нашата заедница која се обидува да ги мотивира жените за навремено откривање на ракот на дојка.Финансиските средства собрани од оваа мега манифестација ке бидат донирани на “Маграт фондацијата“.

Кире Циревски