Press "Enter" to skip to content

Изложба на графики од доајенот Ацо Филиповски во Битола (фотогалерија)

Во присуство на над стотина љубители на ликовната уметност на 17 ноември во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола, беше отворена изложба на графики на доајенот на современото македонско сликарство Александар Ацо Филиповски од Скопје.

На отворањето на изложбата беше присутен и сликарот Филиповски, кој и во својата деветта деценија активно создав а нови ликовни дела. На отворањето на изложбата на графики, пред присутната публика говореа сликарот Панде Петровски и ликовните критичари – историчари на уметноста Лилјана Христова и Владо Ѓорески.Изложбата за отворена ја прогласи домаќинот на Галеријата “Ранко Струмениковски“, новинарот Драган Ристевски кој истакна дека ова е трета изложба на графички дела , првата од пред три години на роденденот на Ранко Струмениковски (1936 – 2000), 17 ноември, потоа, лани на академик Васко Ташковски и сега на Ацо Филиповски.Тоа се тројца графички велинкани на македонската современа графика, кои патем биле другари и иста генерација од средношколските денови на Уметничкото училиште во Скопје во педесеттите години на минатиот век.Инаку, на изложбата се поставени 18 графики со етнолошка тематика како и мотиви од интимниот светоглед на авторот Ацо Филиповски.Патем, да истакнеме дека ова ликовно доживување беше надополнето со клавирски изведби на двете познати битолски пијанистки, Билјана Димовска и Татјана Божиновска.

Д.Р.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »