Press "Enter" to skip to content

Младинките на Топ Гол победија во градското фудалско дерби

Топ гол – Атлетико 1:0

Во рамките на 8. коло од младинска женска фудбалска лига на Македонија во дерби на Битола екипата на Топ гол го совлада Атлетико со конечен резултат од 1:0. Во натпревар кој се одигра на Фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, со голот на Алиевска Блехана во 20. минута, Топ гол оствари нова победа и прокнижи нови три бода на нивното салдо.

-Браво за девојките, секое дерби со Атлетико си носи адреналин и мотив за докажување. Имавме доминација за време на целиот натпревар и водството во првото полувреме го задрживме до крајот на натпреварот, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За Топ гол настапија: Ристевска, Алексовска, Трајчевска, Јоновска, Шабановска, Алиевска, Соклевска, Марковска, Филиповска, Горгиевска и Трајчевска.

Младинската екипа на Топ гол е во самиот врв на табелата и е еден од директните кандидати за шампионската титула.

Претходно кадетките на Топ гол и Атлетико одиграа нерешено со резултат 1:1.

More from ВестиMore posts in Вести »