Press "Enter" to skip to content

“The show must go on…“ во “Расчекор“ на 15 декември 2023, нова 5. “Орфеј“ ретро журка

-Шоуто продолжува, во Битола, во ноќен клуб “Расчекор“ во Битола на 15 декември зимска ретро журка, No 5, “Орфеј“ сеќавање за култната дискотека во Битола, со ди-џеите Николче Терзиевски, Иле Коса  и Кекел, 

-Оваа 5. “јубилејна“ ретро журка со нови содржини и изненадувања за гостите. 

После успешно организираните ретро-журки во чест на диско “Орфеј“ од Битола, сo слоган “Влез саде за парој“ кои до сега беа четири по ред, организаторите ја најавуваат, нивата 5. по ред.

-По летната ретро журка која предизвика голем интерес продолжуваме до нова, зимска, за која можеме да кажеме дека веќе е подготвена и само се чека денот на одржување. Резервациите и продажбата на билети веќе е во тек и очекуваме голем интерес, од сите кои кои се дружевме во тинејџерските денови да се потсетиме и видиме истите, секако и младата популација кои се љубители на ретро музиката од 70 , 80 , 90ти итд.

За музиката ќе се погрижат Николче Терзиевски за кој мора да спомене дека и за време на работењето на дискотеката “Орфеј“, тогаш како млад диско диџеј “пуштал“ музика, а со него во “Расчекор“ ќе бидат и Илија Талев познат кај битолчани како Иле Косат и Златко Самарџиев – Кекел, кој оваа година ќе има и нова задача, да биде домаќин на ретро журката. 

-“Расчекор3 ќе биде отворен за сите од младата па до постарата популација кои ќе уживаат во прекрасните хитови од нашето време. Настанот веќе премина во културна традиција на градот и тоа ни е голема чест. На 15 декември сите битолски патишта ќе водат кон “Раслекор“, а до тогаш ќе соопштиме и за новите содржини и изненадувања.

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »