Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Да се каже НЕ кон другите и не е толку едноставно како кога го пишуваме и кажуваме!

Воспитувани сме, особено оние со авторитарни родители во традиционално родителство родени во  70, 80 и 90 години од минтиот век кога требаше да бидеме „послушни“ и така сме “добри”. Тоа значи да ги слушаме другите, да не кажуваме што навистина мислиме, единствено да се насмевнеме и да ја прифатиме ситуацијата таква каква што е. Во однос и на работата, исто така треба да почекаме, да ја прифатиме онаква каква што е, да бидеме послушни, културни… Човекот може да го избере опкружувањето на луѓето околу себе.  Затоа подобро е да останете настрана од личности кои ве прават да се чувствувате лошо, непријатно или ве прават:

Несреќни, ве омаловажуваат, нервираат.

Најчесто се чувствувате непријатно во нивно друштво понекогаш и без да знаете и зошто. Ако имате некое чувство тоа е т.н. интуиција дека нивното однесување кон вас не е искрено и автентично. Затоа е добро и да се слуша внатрешниот глас.

Бегајте од личности кои прават да се чувствувате лошо…

Тоа се претерано себични личности кои се со вас само заради некоја цел. Тие бараат премногу,а ништо не ви даваат за возврат. Секогаш ТИЕ се во право. Важно им е да ве победат во секоја дебата, разговор…и секогаш им е важно да само тие да се во право, вас не ве слушаат и не го почитуваат вашето мислење.

Нивното однесување кон вас во јавност се разликува од она кога сте приватно, насамо. Најчесто изигруваат жртва. Спорд нив, може само на нив да се потпрете и да им се вреува, а на другите луѓе не. Брзо го менуваат своето расположение, а со тоа и однесување.

На пример во еден момент се љубезни и фини, за да по некое време се ладни и злобни. Многу често лажат и од било која причина одбиваат тоа да го признаат и исто така знаат многу добро да го прикријат.

Кажете им НЕ на овие личности

Не е потребно да им се извинувате на другите што не сте го прифатиле нивното барање, ниту да се правдате. На тој начин, ќе им дадете до знаење дека нивното барање е претерано и дека не можат секогаш да ве користат за своите желби. Никогаш нема да ги достигнеш своите најдобри потенцијали ако се обидуваш да правиш се за другите луѓе. Завземи се за нешто во што веруваш. Секој чекор кој го превземаш понатаму ќе ти ја покачува твојата самодоверба и твојата способност да бидеш автентичниот ТИ.

Да се каже “НЕ “ е начин на кој се дефинираат нашите граници и да ги направиме видливи за другите. Поставете граници, но бидете подготвени дека  вашите реалции со другите ќе се менуваат и дека некои конекции ќе престанат. Бидете водени од вашите вредности.

Ако навистина имаш проблем и се  бориш за да неможеш да се ослободиш од овие навики, побарај помош од стручни лица. Со терапевт ќе изградиш ментална сила за да изградиш живот како што сакаш да имаш.