Press "Enter" to skip to content

Вардар немоќен во Битола, кошаркарите на Пелистер постигнаа 116 поени, а можеа и повеќе (фотогалерија)

Пелистер – Вардар 116:71

Екипата на Пелистер вечерва во Битола, беа пресилни за Вардар и забележаа убедлива победа со убедлив резултат 116:71, во рамките на 9. коло на Првата лига и ги преболија поразот од Чаир во Скопје.“Пелистерци“ го надиграа Вардат во сите можни сегменти, а гостите од Скопје немаа никаква шанса за Битола ниту за чесен пораз. Во тимот на Пелистер ги немаше Бернард и Сапунџиев кој се пожалија на повреди и добија поштеда од Радуловиќ.

По првите десет минути Пелистер имаше 31:18, а на полувремето позитивата порасна и на 21 поен разлика, 59:38.И третата чествртина помина во доминација на Пелистер, а тоа беше добра прилика и за тренерот Дарко Радуловиќ, да им даде шанса и на помладите кошаркари и оние со помала монутажа на натпреварите, а тоа тие и го искоритија, пред се младите Сердаров и Марковски, како и Најдовски.Сите 11 кошарари на Пелистер го запишаа своето презиме во официјалната статистика, а Андеј Маслинко беше најефикасе со 26 поени, пред Лука Стојановски со 18 поени. Хот направи дабл-дабл од 10 поени и 10 скока.

За Пелистер ова беше шеста победа по девет одиграни кола. Вардар, пак, го доживеа шестиот пораз или петти во последните шест кола.

More from ВестиMore posts in Вести »