Press "Enter" to skip to content

Малата слатка, Ника Лубура, најсреќна на детскиот фестивал “Тра-ла-ла“ (фото)

На овогодинешниот 23 ти  по ред детски музички фестивал “Тра-ла-ла“ настапија 14 мали слатки ѕвездички исполнувајќи весели дестки песнички, кои секогаш блеснуваат музички ѕвездичкии, млади таленти.Меѓу учесниците и оваа година малата Ника Лубура која настапи со песничката “На модна писта” на авторот Кристијан Габровски.Харизматичната Ника блесна на сцената со забележителен стилски настап и кореографија. Таа со својот оптимизам и позитивна енергија си донесе и награда која оваа година  ТА “Ариес“ ја доделуваше со извлекување меѓу сите 14 учесници.Ника Лубура освои 7 дневен аранжман во Парга. По освојувањето на наградата таа беше пресреќна и ни изјави:-Јас сум Ника Лубура. Имам 7 години. Учам во 3 одделение во основното училиште “Тодор Ангелевски“ во Битола. Исто така учам во основното музичко училиште и посетувам часови по клавир. Многу ја сакам музиката. Сакам да пеам, танцувам, глумам, а на сцена ми е најубаво. Се чувствувам ослободено.Затоа и минатата година и оваа учествувам на детскиот фестивал Тра-ла-ла. Претходната година настапив со песната “Од понеделник до петок”, а оваа година со песната “На модна писта”. Двете песни се напишани од Кристијан Габровски, а таа имаше и причина повеќе да се израдува, за што додаде.-Многу ме израдуваа моите другарчиња од класот бидејќи дојдоа да ме гледаат и поддржуваат на фестивалот. Бев најсреќна кога ја добив наградата 7 дневно патување во Парга.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »