Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер останува без бодови во ЛШ, пораз на гостувањето од Киелце

Киелце – Еурофарм Пелистер 35:25

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола остана без бодови во Лигата на шампионите и по девет одиграни натпревари, загуби на гости кај Киелце, во Полска, со резултата 35:25. Во салата во Килеце беа и битолските навивачи дел од навивачката група “Чкембари“.

“Пелистерци“ во отворањето на натпреварот имаа 3:3, а Киелце дојде до 6:3, а потоа и до 9:5. Еурофарм Пелистер намали на 15:12 во 25. минута, но на полувреме беше 18:13. На почетокот на второто полувреме Киелце дојде до осум гола позитива, 23:15, а потоа и 27:16. На крај на семафорот во Киелце беше 35:25.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Цехте кој постигна седум, а Пешевски пет.

More from ВестиMore posts in Вести »