Press "Enter" to skip to content

Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)

На последниот фудбалски натпревар во Битола кој го играат денес фудбалерите на Пелистер против екипата на Осогово во рамките на Втората фудбалска лига на Македонија на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола се одржа мала свеченост.Управата на клубот предводена од претседателот, Митко Стојковски им додели подароци на фудбалерите од оваа генерација кои имаа одиграни најмногу натревари во “зелено-белиот “дрес, 250, 200 и 150 натпревари за Пелистер.

Претседателот Стојковски во име на фудбалскиот клуб му подари врамен дрес на Филип Миленковски со број 250, како признание за неговите 250 одиграни натпревари во дресот на Пелистер во различни периоди, кога настапувал за клубот.

За 200 одиграни натпревари во дресот на Пелистер посебен подарок доби Петар Љамшевски, а и него му го врачи претседателот Митко Стојковски.

За 150 одиграни натпревари признанија Благојче Љамчевски, Борче Маневски и голманот Илче Петровски.

Сите тројца биле и капитени на фудалскиот клуб Пелистер, во различни периоди која настапувале во клубот.

Подароците им го доделија поранешните фудбалери на Пелистер, Тони Мицевски и Сашо Петровски.

More from ВестиMore posts in Вести »