Press "Enter" to skip to content

Промовирана монографијата и изложба на уметнички дела на Јордан Манасиевски во Битола (фотогалерија)

-На промоцијата на монографија и изложба на уметнички дела синоќа во КИЦ  Битола Јордан Манасиевски  промовиран и како редовен член во Македонското научно друштво Битола, кое беше и организатот на настанот.Македонското научно друштво Битола, во соработка со КИЦ Битола и галеријата “Букефал“ од Охрид, синоча организира промоција на монографското издание и изложба на уметнички дела од ликовниот уметник Јордан Манасијески.Присутните ги поздрави и се заблагодари на авторот за изложбата претседателката на МНД Битола, проф. д-р Невена Груевска, која авторот го промовира како редовен член на МНД Битола. За монографијата и сликарот зборуваа ликовниот критичар и графичар Владо Ѓорески и ликовниот уметник Панде Петровски, како и уредникот на монографијата Љупчо Жупан.Инаку, монографијата посветена на големиот македонски уметник Јордан Манасијески од Охрид, чии автор е проф. д-р Владимир Величковски е екслузивно издание од 480 страници – тврд повез, со преку 300 репродукции во боја и двојазичниот текст на македонски и англиски јазик.Со тоа таа има енциклопедиско значење, особено што содржи критички осврти од повеќе историчари на уметност и тоа: Салваторе Русо – Италија, Рути Такер – САД, Санда Станачев Бајзек – Хрватска, Драган Јовановиќ Данилов – Србија, Бисера Валева – Бугарија и од македонските критичари и вљубеници во уметноста Никола Николовски, Зекман Ракиповски, писателите Киро Донев, Трајан Мартиновски и новинарот Милчо Јованоски.В0 своето емотивно обраќање ликовниот уметник Јордан Манасијески се заблагодари на можноста да се промовора монографијата и битолчани да ги видат неговите дела, а посебно му се заблагодари на Никола Главинче за иницијативата и реализацијата на промоцијата и изложбата во Битола.Ова издание претставува епилог на целокупната досегашна уметничка кариера на Манасијески, во која се документирани настаните од домашната и меѓународната уметничка сцена: промоции, изложби, учества на Интернационални уметнички салони за модерна уметност и добиени награди. Дополнителен акцент е даден и на изработката на стриповите, кои опфаќаат еден голем дел од неговата уметничка кариера, а претставени се и мал дел од неговите преку 2000 идејни дизанерски решенија.Подготовката на монографијата траеше повеќе од  6 години. Техничката подготовка и графичкиот дизајн го изработи Боби Ќосев, а уредник на монографијата е неговиот долгогодишен промотор во светот Љупчо Жупан.

По промоцијата, љубителите на ликовната уметност имаа прилика да уживаат во уметничките креации на сликарот Манасијески, кој ќе изложи повеќе од 30 уметнички дела изработени во повеќе техники и од различни периоди.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »