Press "Enter" to skip to content

60 години населба “Ушици“ во Битола, 60. по ред коледарски оган, традиција која ја од 1965 ја негуваат пет генерации, вечерва за прв пат со кум (фотогалерија + видео))

-Некој одобрува палење оган, некој не, но во населбата “Ушици“ во Битола коледарскиот оган, вечерва, како и во изминатите 60 години од постоењето на населбата, огнот го најави Христовото раѓање.

-Како и пред 60 години, така и вечерва е запален големиот коледарски оган, во паркчето во кое во лето се игра бељот, а во зима се пали огнот, препознатливо за оваа населба во Битола.

-Договореното лани се испочитува, по повод 60 години постоење на населбата и исто толку години палење на коледарски оган, кум е  Митко Лозановски, кој е “одговорен“ за паркчето “да личи“ и за палање на огнот.Палење на огнот за Коледе во населбата “Ушици“ во Битола, продолжи и оваа година, односно 60. пат од кога постои населбата во Битола, а оваа година жителите од “малата“ го запалија огнот и ја продолжија шест децениската традиција, од кога се пали оган.

Традицијата започнала веднаш по вселувањето во новите куќи во населбата во 1964/5 година, на местото на стариот “Расадник“, а  коледарскиот оган, од 1965 година, се пали на истото место, во паркот, помеѓу улиците “3-та“ и “2-ра“, како и вечерва на 5 јануари 2024 година.Честа да го запали в година 60 по ред оган во “Ушици“ ја имаше највозрасниот во населбата, чичко Фидан Смилевски, кој на сите ни посака уште многу запалени огнови во “малата“, и ако даде Господ здравје и до година да го запали.Како што лани “падна“ договорот така и се случи вечерва, за прв пат Коледе има кум, тоа е “одговорниот“ за паркот во изминатите години, Митко Лозановски, со сопругата Олга и семејството. А за оваа чест која ми е доделена Митко вели:-Остај тоа што сум кум, мене сите знаат дека ме радува тоа што пак сме заедно, како што тоа се правело 60 години досега во зима на Коледе и скоро секој ден во лето кога на ова место се игра бељот. Прво да ви кажам дека ми е мило што и годинава сме тука “на оган“ за Коледе, живи и здрави. Прифатив да бидам кум уште на ланскиот оган, но морам да кажам дека во организацијата се тука со мене од кај Рафевци, братучедите Сашо и Филип, тука се Иљо и Дејан… Посебно се радувам што тука со нас во подтотовките се младите од населбата, кои се секоја година со нас.  Сите ги поканивме и оние кои сега живеат на други места, а дел од нив се тука вечерва, и додава:-Мене ми викате дека сум “одговорен“ за паркот можеби 40 и повеќе години, но мора да ги споменам и другите кои се грижат и го направиле паркот каков е денес, сазадиле дрва, направиле клупи, Иљо, Дејан, ти кои покрај што ни пишуваш со нас цело време, Цанко, Пеце кој е во Австралија, Оливер, Тоци, Цанко, Саберо, и сега помладите Филип, Мартин, Бојан, младите Дамјана, Филип, Андреј, Кико… да не ги набројувам сите. Сите заедно направивме ова 60. по ред Коледе да биде посебно, на кое започне една традиција која се практикува, да има кум за прославата, а тоа да биде некој од нас, а на тоа Олга Лозановска се надоврза:-Јас иако не сум од оваа населба по потекло, по моите 37 години поминати како невеста во куќата на свекор ми Менде и свекрвата Билјана, се чуствувам како да сум од “Ушици“. Можам да само да кажам дека оваа е една од ретките населби каде се уште има маалско дружење. Сите си помагаат кога некој има потреба, а заедно ги поминуваат и сите веселби. Сите во “Ушици“ живеат едне убав комшивски живот, сите се познаат, а како резултат на тоа е и ова дружење за Коледе, кое не случајно се одржува 60 години по ред. Но, морам и да искритикувам, до прд неколку години, ова беше само машко Колесе, но сега, како и изминатите години сме заедно и ние Славица, Жанета, Билјана… заедно на оган со мажите, и продонесуваме овој ден да биде прославен поинаку. Година во “Ушици“ на гости дојде и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој на сите им ги честита Божикните празници им посака уште многи години да се слави овој ден, и на сите жители на “Ушици“ да продолжат заедно да го празнуваат сите празници, и да се почитуваат како и досега.Иљо Димовски е млад пензионер од Театарот, а неговата струка, осветлување, ја примени денес кога уште од сабајле го осветли паркот.-Не сум од помладите во “Ушици“, но и овој пат како и претходните години е сум дел од Коледе, уште од првиоо оган, кога се пелеше и се крадеа дрва, врати, пенџери, за поголем оган и да гори до утрото. Тука сме заедно и сакам вака да бидеме долги години. Но, за жал некои не се со нас, прво оние кои како млади ја правеа населбата, нашите родители, но ваквите собирања се повод да се присетиме и на нив.Филип Сековски е постојано “на оган“ за Коледе, а денес е дел од организацијата.-Секоја година се пали оган тука на Коледе на ова исто место. Се палел и во социјализам и  во комунизам, дали поповите дозволуваче или не. А се запали и за време на ковидот, а морам да кажам дека поминавме без казна, иако дојде полиција. Но едно остана, на што ние сме горди, а тоа е: нема прекин на традицијата, 60 години населба “Ушици“ – 60 години колерски оган. Продолжуваме  во нареддните сто години.А, тука покрај огнот не се само жителите на “Ушици“ кои живеат во “малата“, тука се и оние кои во изминатите години се преселени во други маала во градот од “Ушици“, но тука се за Коледе, секоја година.-Секоја година во “Ушици“ за Коледе сме заедно, а ние и во лето се дружиме, иако сме погласни, но тука сме наши, нема некои поголеми забелешки. Оган тука се палел и мора да кажам дека тука, во “Ушици“, никогаш немало некој да бил против, ние од ова место сме се дружеле и пак ќе се дружиме, вели Цанко Петровски, кој исто така е еден од сведоците на сите огнови кои се запалиле низ годините наназад, откако е изградена населбата.Додека повозрасните беа зафатени со палењето на огнот, за да ги избркаа злите духови и да го најават Христовото раѓање, најмалите од “Ушици“ тоа го направија со пеење на коледарски песни.Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »