Press "Enter" to skip to content

Ангеловски останува тренер на Еурофарм Пелистер, утре во Битола ги започнува подготовките за титула

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола постигна договор со Бранислав Ангеловски да остане на тренерската позиција до крајот на сезоната, а со тој договор не е веќе привремен тренер.

Еурофарм Пелистер преку соопштение ја информира јавноста за тоа дека му даде довербата на Ангеловски во кое се вели:

-Улогата на тренер во нашиот тим целосно му е доверена на Бранислав Ангеловски, така да повеќе нема да ја извршува улогата на привремен, туку на перманентен предводник на екипата. Тој се обврза на договор до крајот на сезоната и утре од 16:00 часот ќе одржи прозивка за вториот дел од сезоната. Ангеловски активно ја извршуваше улогата на спортски директор, а по заминувањето на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски од тренерската позиција, во ноември и декември минатата година ја водеше екипата на четири натпревари од Лигата на шампионите и неколку натпревари од Суперлигата и Купот на Македонија. Првиот официјален натпревар во 2024 година Еурофарм Пелистер ќе го одигра против Вардар 1961 во првото коло од плеј-офот на Суперлигата. Првиот европски натпревар е на 14 февруари 2024 година против ПСЖ.

Ангеловски по оставјата на Шундовски и разрешувањето на Јовиќ седна на тренерското столче на Еурофарм Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »