Press "Enter" to skip to content

Отворена изложбата “Поема на атомите“ на Благојче Петровски од Битола (фотогалерија)

Во Офицерски дом во Битола, вечерва пред голем број на почитувачи на уметноста и пријатели на авторот, беше отворена изложбата насловена како “Поема на атомите“ на Благојче Петровски од Битола.Владо Георгиевски, кој ја напиша рецензијата за изложба, се обрати пред присутните и рече:-Целокупната меморија на универзумот е запишана во нашите срца, а нашето срце ја испраќа во вселената. Тое всушност софизмот, од каде што почнува Благојче, тоа е сликарството кое зборува за меморијата на срцето на човекот, не како темно петно, туку како светла точка на една изгубена земја. Неговиот циклус е всушност една голема ода на паметењето на срцето, една голема ода на чуствувањето на светот на начин кој е многу далеку од она што денес ни се случува. Неговата порака е суптилна, мистична многу значајна. Неговите слики не содржат форми кои се површни, туку содржат одредена мисла, која според Јунг е паметење на универзумот. Тоа значи дека со нашите животи управува универзумот, а не авторитетот на човекот. Оваа изложба е еден вид патоказ дека уметноста која е во длабока криза поради својата формалност, поради својот екоцентризам, поради својата истрошеност, но, и порака дека сепак има некаква смисла и дека таа смисла останува некаде забележана, како меморија и ќе остане како светлина ѕвезда.Авторот Благојче Петровски на отворањето на изложбата рече:-Пред се сакам да кажам дека ми е мило што ве гледам тука сите, а за изложбата би кажал збор-два. Оваа изложба ја подготвував од крајот 2022 година, па се до пред некој ден. Како процес на подготовка започна со последната моја изложба во Битола, во 2010 година, напоредно со еден друг процес, преку кој сите ме знаете како иконописец. Така да, ова е едно ехо, на она што го покажав во Битола во 2010 година. Се надевам дека ќе ви се допадне изложбата која ја насловив “Поемата на атомите“, и додаде:-Мене тоа ми беше инспирација, поемата на атомите од Руби, кој го знаеме како еден голем поет од 13. век. Но, целата моја изложба не  е само поема на атомите на Руби, односно не е се посветено на Руби, туку доаѓа од местото каде потекнувам и од каде живеам.-Малите острочиња на Благојче, поминати со златна фолија која е симбол на светлината, покажуваат дека, сепак, на крајот ќе победи духот од каде што потекнуваме, ќе победи прозрачноста во која е сместена уметноста, поезијата, и пред се и над е љубовта. Ова е еден прилог, еден подарок, од Благојче кон неговиот риден град, исцело и искрено со љубов кон сите нас, како порив да истраеме во времињата кои сакат да го истебат човечкото постоење, рече за крај Георгиевски.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »