Press "Enter" to skip to content

Голема на победа на стартот на полусезоната на КК Пелистер од Битола, го победи МЗТ во Скопје

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 66:72

Пелистер и без двете американски засилувања одлично ја започна оваа сезона. Во првото коло во оваа календарска сезона, или пролетна полусезона “пелистерци“ забележаа победа над шампионот МЗТ Скопје, со резултат 66:72, а оваа победа по победата во Битола е втора победа оваа сезона.

Пелистер уште на стартот на првата четвртина ја имаше резултатската предност, воството беше пубедливо откако од 12:14 со добра серија дојде со 12:24. Првата четвртина заврши со резултат 14:24 или +10 за “пелистерци“. Во продолжението од мечот „зелените“ ја држеа предноста. Во еден момент, поточно во 14. минута, имаа и уште повисоки, 16:29. Домашните кошаркари до крајот на полувремето успеаја таа негатива да ја претворат во прифатлива, а по 20. минути игра заостануваа само шест поени, 33:39. Во третиот квартал, Пелистер не се даваше. Пак ја врати високата позитива со квалитетен шут и игра во одбраната, 41:52.  Потоа МЗТ израмни на 53:53.

Третиот квартал заврши со резултат 53:55. Во последната четвртина се играше израмнето се до четири минути пред крајот кога беше 61:63 за гостинот, а потоа Костоски и Магдевски со серија во финишот го решија прашањето околу победникот.

Магдевски постогна 20 поени, 11 скока и 8 асистеции, Мијовиќ го следеше со 15 реализации, додека пак по 11 имаа другите стартери, Маслинко, Костоски и Мијовиќ.

More from ВестиMore posts in Вести »