Press "Enter" to skip to content

Пелистер позајми тројца фудбалери на Новаци, од петок на подготовки во Охрид

Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола информира дека се уште не е затворен преодниот рок, а за тоа дали ќе има или нема нови засилувања  ќе покаже подготвителниот период кој е во тек. 

-Како дел од својата стратегија за развој на младите фудбалери, ФК Пелистер од Битола постигна договор со ФК Новаци кој исто така се натпреварува во ВФЛМ, за позајмица до крајот на сезоната на тројца талентирани фудбалери Стефан Спировски, Сатни Сафедин и Дарко Велјановски ќе го носат дресот на Новаци, што ќе биде прв нивни контакт со сениорскиот фудбал, информираат од клубот.

Во рамките на првата фаза од подготовките на Пелистер, екипа продолжува со редовните тренинг сесии во Битола, како дел од подготовките за вториот дел на шампионатот на Втората лига, а ќе играат против Караорман, Подградец – Албанија, Охрид, Победа и Силекс.

More from ВестиMore posts in Вести »