Press "Enter" to skip to content

ОК Пелистер Волеј со засилување за титула, Тоена Славкова од Вардар во Битола (фото)

Теона Славкова и официјално е новиот член на ОК Пелистер Волеј од Битола. Таа го стави својот потпис во просториите на Пелистер Волеј, а новото засилување кое дојде од Вардар, веќе започна да тренира со својата нова екипа, која интензивно се подготвува за пролетниот дел кој започнува на 30 февруари.

Теона Славкова  по ставањето на потписот на доворот со Пелистер Волеј за Bitolanews рече:

-Имајќи ја предвид амбициозноста на Пелистер Волеј да се квалификува за првата македонска одбојкарска лига, сметав дека со позитивен дух и стремеж кон високи спортски цели можев да се пронајдам во овој тим. Првите мои впечатоци се многу позитивни, почнувајки од професионалноста на тренерите до посветеноста на соиграчите и големата мотивација за постигнување на целта за влез во првата македонска лига и додаде:-Соиграчите добро и топло ме прифатија. А клубот со таква организираност и посветеност на стручните лица во наредните неколку години може да постигне високи резултати во првата државна лига и се надевам дека ова топло гостопримство и со добра игра ќе ги постигнеме поставените цели.

More from ВестиMore posts in Вести »