Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен од Силекс во Охрид

Пелистер – Охрид 1:2 (0:2)

Денес на стадионот “Билјани извори“ во Охрид екипата на Пелистер од Битола го одигра третиот контролен натпревар, во рамките на втората фаза од подготовките, а играше против екипата на Силекс.

Прволигашот Силекс беше победник над Пелистер во рамноправен натпевар. Единствениот гол за Пелистер го постигна Спиркоски во 56. минута.

Головите за Силекс ги постигнаа Милосавкевиќ во 25. и Калановски во 27. минута.

“Пелистерци“ следниот пријателски натпревар ќе го играат во сабота, против екипата на  Охрид.

More from ВестиMore posts in Вести »