Press "Enter" to skip to content

Химната на навивачката група “Чкембари“ од Битола “Птицо моја“ конечно со светски звук

Битолчанецот Горан Мицевски – Кус со огромна љубов и почит кон “Чкембарите“ од Битола, кон неговата родна Битола и кон споменот на Атанас Смилков – Кенан, ја преработи химната на Чкембарите “Птицо Моја“ и ја подари на градот, на сите навивачи, на сите битолчани.

Од 1985 година, Чкембари се повеќе од навивачка група – тие се звукот и ехото на Битола, бренд на градот.

-Во текот на годините, гледавме како се менува се околу нас, но нивната љубов кон градот остана непроменета, силна и тврда како карпите на Пелистер. Битола се сака со срце и со душа, но најмногу се сака со дела. Оваа химна ќе остане и за идните поколенија како дело и подарок од душата на вистинските битолчани, порача авторот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »