Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: леукоплакија – Leukoplakia

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за леукоплакија – Leukoplakia, за што вели:-Леукоплакија-Leukoplakia  претставува трансформација на нормалниот епител на слузницата на мочното ќесе во рамен со појава на фокуси на кератинизација.

Леукоплакијата ја има и на усна шуплина уши, кожа гениталии, на мочното ќесе е почеста кај жените поради анатомските карактеристики на пократка уретра и влез на бактерии и вируси од генитоаналната регија.

Етиолошки најзначајни фактори за развивање на леукоплакија се анатомски вродени деформитети на уринарни патишта на кои влијаат често егзогени фактори пред се хронични инфекции со херпес вирус, папилома, бактерии ешерихија коли, протеус, стафилококи итн.

Дополнителни фактори на ризик се стрес, ослабен имунитет, промена на сексуални партнери без користење на заштита, нарушувања од хипофиза, хронични инфламации како пиелонефритис, нефроуретеролитијаза, циститис, аднекситис.

Клиничката презентација е некарактеристична со појава на силни болки во долен дел од абдомен и мала карлица, дизурија-болки при уринирање, често мокрење, нарушен млаз при уринирање. Дијагностички се користи анамнеза со лабораториски испитувања на крвна слика урина уринокултура, ултразвук со хипер изоехогени задебелување фокално на ѕид а златен стандард е примена на цистоскопија со биопсија ПОРАДИ РИЗИКОТ ОД МЕТАПЛАЗИЈА И ТРАНСФОРМАЦИЈА ВО КАРЦИНОМ.

Лекувањето на леукоплакијата е внес на витамини пред се вит А, имунистимуланси,прекин на пушење (никотин), лекување со антибиотици антивирусни медикаменти и доколку нема ефект примена на хируршка интервенција.

More from СоветиMore posts in Совети »