Press "Enter" to skip to content

Радуловиќ по победата над Феникс: рутински победивме, ако сакаме финале мора да дадеме 200%

Екипата на Пелистер синоќа во Битола како домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија за победи екипата на Феникс и обезбеди полуфинале. Тренерот на “пелистерци“  Дарко Радуловиќ беше во добро расположение по победата и на прес-конференцијата рече:

-Феникс  честопати ни создавал големи проблеми во одредени сегменти од играта. Тие се многу незгоден ривал, но на овој натпревар мислам дека функциониравме беспрекорно. Го затворивме нивниот офанзивен скок, кој често ни прави проблем и заслужено дојдовме до триумф. Правилно ја распределивме минутажата, дел од играчите ќе бидат поодморени и тоа е секако добар знак. Текот на натпреварот наложуваше да ја преземеме предноста, и тоа и се случи. Потоа беше полесно и успеавме рутински да го приведеме натпреварот кон крајот, а за денешното полуфинале додаде:

-Денес во 20 часот играме со Еуро Никел, екипа која е во неверојатен шутерски ритам. Ќе биде тешко, но мора да дадеме 200% од нашите можности. Имаме и „свежа крв“ во името на Амир Најт, кој полека се вклопува во нашиот систем и мислам дека ќе биде солидно засилување со АБА лигашко искуство.

Во 17 часот својот дуел ќе играат МЗТ и Работнички.

More from ВестиMore posts in Вести »