Press "Enter" to skip to content

Битола слави финале: Пелистер утре ќе се бори за клубска историја против најтрофејниот во Купот (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 78:68

Кошаркарите на Пелистер од Битол вторпат во клупската историја, и тоа по пауза од 15 години, ќе играат во финалето од Купот на Македонија, откако вечерва по голема борба, ја добија полуфиналната пресметка против Еуро Никел, со што за утре си закажаа финале против МЗТ.На отворањето на натпреварот Пелистер одлично играа и имаа стартна предност од 9:3, а потоа и 13:5. Кавадарчани со серија од 8:0 израмнија, а “пелистерци“ дојдоа до 18:13 за крај на првата четвртина.И втората четвртина продолжи со слично темпо, Еуро Никел бркаше негатива, а и во два наврати минимално поведе. Пелистер не успеа да нарави поголема разлика, а очекувано по таквата играа на двете екипи конечниот резултат по крајот на првото полувреме беше само +3 за домаќинот, 39:36. 

И по одморот истата слика на теренот. Пелистер диктираше темпо и отвори подобро па поведе со 47:41, а потоа беше и 47:36. Избраниците на Дарко Радуловиќ се одржуваа во позитива, а третата четвртина заврши со минимално водство од 55:54.Во последната четвртина кога се одличуваше кој ќе биде вториот финалист прво Еуро Никел успеа да дојде до реми (59:59). Следуваа “тројки“ на Маслинко и Костоски и положување на Магдевски, две реализирани слободни и тројка на Мијовиќ за највисоките 72:59. Потоа кавадарчани не можеа да најдат одговор и начин за резултатски пресврт.Следуваа промашувања на Пелистер по што Еуро Никел дојде на минус осум на помалку од три минути до крајо, ни немаа сили за изненадување.Најдобар поединец на средбата беше Јуре Планиниќ кој уфрли 27 поени, интересно дури 24 беа во првото полувреме. Одлична партија одигра и Андреј Маслинко со 22.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »