Press "Enter" to skip to content

Ракометните екипи со победи, Еурофарм Пелистер во Скопје, “двојката“ во Битола (фотогалерија)

Бутел – Еурофарм Пелистер 24:28

Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија на гостувањето во Скопје кај Бутел со 24:28 (12:15), во второто коло од плеј-офот на Суперлигата, во натпревар во кој избраниците на Бранислав Ангеловски не притискаа и не бркаа убедлива победа.Во дуелот се влезе целосно израмнето, “бутелчани“ први поведоа, меѓутоа гостите диктираа темпо во остатокот од полувремето. По егал надигрувањето, “пелистерци“заминаа на пауза со највисоките 12:15.  Во продолжението Еурофарм Пелистер рутински ја бранеше стекнатата предност. Бутел дојде на 17:19, но б итолчани не дозволија изненадување, лидерите на тимот одиграа според планот, а незапирлив беше Филип Кузмановски. Токму капитенот на пелистерци Кузмановски беше најефикасен на мечот со десет реализации.Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 25:19

По службената победа над Аеродром во првото коло од разигрувањето за опстанок, ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се израдуваа на втори бодови. “Двојката“ славеше против Куманово со 25:19.По релативно израмнетото прво полувреме, избраниците на Михаил Петровски со фуриозен старт на вториот дел кога направија предност од четири гола го решија прашањето на победникот. Кумановци имаа свои моменти на овој меч, но тоа не беше доволно за нешто повеќе од пораз во Битола, па шансата за бодови ќе ја бараат на некој од следните натпревари.Шест гола за победничкиот тим даде Талевски, пет пати стрелаше Хаџиќ, а по четири голови имаа Мијушковиќ и Митревски.

More from ВестиMore posts in Вести »