Press "Enter" to skip to content

Утре прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2023 година

Денес во бар “Манаки“ прес конференција одржа Сојуз на спортови на Битола, по повод големиот јубиле, 60 години традиција на Битола во прогласување на најдобрите спортисти и екипи на Битола.

По тој повод претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски рече:-Нам како сегашно раководство на Сојузот на спортови на Битола ни е посебно мило што по 60. пат ќе го извршиме прогласувањето на најдобрите спортисти и екипи за изминатата календарска 2023 година. Пристигнаа голем број на пријави, морам да напоменам дека тоа се пријави од клубови кои се членки на Сојузот на спортови и тоа во сите категории. Според пријавите и според Статутот и правилникот на Сојузот на спортови ќе прогласиме најдобри десет поединци и три екипи в0 сениорска конкуренција, и додаде:

-Секако и овој пат ќе доделиме и награди за нашите млади спортисти, идни носители на спортот во напиот град. Тука се и признанијата за професорите по физичко воспитување, наградите за екипните победници на ноќната трка, која исто така ние како Сојуз ја оганизираме. Ќе ги наградиме со посебни признанија и сите кои направиле вредни достигнувања во спортот надвор од предвидените системски натпревари, а кои дале продонес во развојот на спортот и промоција на Битола. За  техничката организација Павловски додаде:

-Свеченото прогласување ќе се одржи утре со почеток во 19 часот во Народниот театар во Битола. Целата манифестација е поддржана и е во соработка со Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски, Советот на Општина Битола и Комисијата за спорт при Советот. Подготвена е видео презентација и промоција за најдобрите спортисти и екипи, како и на ветераните кои дале голем придонес во развојот на спортот во Битола, како мало оддолжување за нивниот спортски влог. 

С.Р.

More from ВестиMore posts in Вести »